„Дејли Телеграф“: Гадафи е жив, убиен е негов двојник?!

„Дејли Телеграф“ тврди дека британската тајна служба МИ 6 направила таен план како симнатиот либиски лидер Моамер Гадафи да биде префрлен во друга африканска земја и да не биде убиен, тврди „Дејли Телеграф“.
Според пишувањата на „Дејли Телеграф“, планот наводно бил направен во соработка со првите луѓе на Велика Британија и дека полковникот се крие во Екваторијална Гвинеја.
Оваа земја има блиски врски со Велика Британија, а позната е по изворите на нафта и на големата корупција. Весникот тврди дека на снимките на неговата егзекуција е неговиот двојник.

Официјално Гадафи беше убиен од страна на бунтовниците во 2011 година во Сирт кога се обидувал да побегне во Нигер.
Медиумите веќе тврдеа дека „убиениот“ Гадафи има поинаква форма на ушите, челото, носот и јаболчниците од „вистинскиот“ Гадафи.
Оние што тврдат дека не бил убиен Гадафи туку негов двојник, посочуваат оти медиумите во минатото постојано известувале за двојниците на полковникот. Гадафи наводно имал над 30 двојници, најмногу од авторитарните лидери, кои ги користел за лична безбедност.
На пример, француски „Фигаро“ објави за Ахмед Гадаф ал Дам, роднина на Гадафи, кој толку многу личел на бившиот лидер што луѓето едвај ги разликувале.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
-

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија
