„Дејли стар“: Перењето пари за финансирање на ИД се врши во БиХ
Парите кои се собираат во џамиите во Велика Британија се користат за финансирање на терористите од Исламска држава, а перењето на тие пари се одвива преку сметки во Босна и Херцеговина, објави вчера британскиот весник „Дејли стар“.
Весникот наведува дека многу лесно можат да се разоткријат сомнителните финансиски текови преку социјалните мрежи. На новинар од „Дејли стар“ преку приватна порака на социјалните мрежи му било кажано дека донираните пари преку БиХ се испраќаат до милитантите на Блиски Исток.
Исто така на новинарот му било кажано дека за донација да го контактира Исо Амрики, кој на социјалните мрежи се претсатвува под имињата „HoneyNtea“ и „Wolf Raised“. Амрики изјавил дека парите за ИД ги собира во џамиите во Велика Британија.
- Амрики ме советуваше донацијата да ја уплатам преку мрежата за трансфер на парти „Moneygram“ во БиХ, бидејќи тоа е најсигурен начин, тврди новинарот на „Дејли стар“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација