Спорт плус
20. јуни 2016 - 10:53

Дејан Недев освои злато на Медитеранскиот шампионат во карате

 Нов голем успех на македонскиот каратист Дејан Недев. 
 
Недев го освои првото место и златниот медал во поединечна конкуренција во кати на осмиот Медитерански шампионат кој се одржа во Лимасол, Кипар.
 
На овој шампионат учествуваа 11 земји со 184 натпреварувачи, а Македонија ја преставуваа пет натпреварувачи.