Loading Video...
Кошарка
29. May 2020 - 11:11

Дефинитивно откажана сезоната во кошаркарскиот шампионат на Србија

Откако Евролигата, а по неа и регионалната АБА лига, дефинитивно решија да не се доигра прекинатата сезона во овие кошаркарски натпреварувања, и во соседна Србија иста одлука 
 
Имено, претседателството на Здружението на кошаркарската лига на Србија, а со присуство и учество на претставници на клубовите кои избориле пласман во Супер лигата, со мнозинството на гласови од присутните и еден глас против, донеле одлука, да се откаже Супер Лигата и да не биде прогласен првак на Србија.
 
При носењето на ова одлука, претседателството првенствено имало во вид здравствените причини и опасност од зараза на играчите и сите учесници на Супер Лигата додека пандемијата сеуште трае и додека вирусот COVID -19 сеуште е присутен во средината.
 
Покрај оваа основна причина, како важни аргументи за одлуката биле земени в предвид и предолгата пауза и неподготвеноста на играчите, што би претставувало голема опасност од сериозни повреди. Како и фактот дека натпреварите би се играле без присуство на публика, или со доста ограничен број на гледачи.