Свет
15. July 2015 - 8:58

Дефицитот на САД за 2015 година 455 милијарди долари

Дефицитот во буџетот на САД за финансиската 2015 година ќе биде 455 милијарди долари што е за 128 милијарди помалку од прогнозите од февруари.

Во актуелната година дефицитот ќе биде 2,6 отсто од БДП на државата.

Се очекува во следните три години недостигот од средства во буџетот на САД да продолжи да се намалува до нивото од 2,4 до 2,2 отсто БДП.

Во изминатите 64 месеци во приватниот сектор во САД се создадени 12,8 милиони работни места и од почетокот на 2014 година невработеноста е намалена до 5,3 отсто.