Џет-Сет
17. September 2017 - 10:18

Дечкото на Рада Манојловиќ на Ургентен: Харис колабираше на бина

Харис Берковиќ паднал на својот настап во БиХ, по што завршил во болница.

Пејачот пред да излезе на бина им се пожалил на членовите од бендот дека не се чувствува добро и дека не е сигурен дали ќе успее до крај да ја одржи свирката. Го болело глава и се чувствувал малаксано.

- На Берковиќ му се сушела устата и се препотувал. Кога почнал вториот блок, му било уште полошо. Во еден момент пребледел, а газдата од клубот му рекол да го прекине настапот и да оди во блиската амбуланта. Харис се обидувал да издржи саат време на нозе, но не успеал. Половина час пред крајот ан свиркаат, се фатил за сталакот од микрофонот и паднал. Бил при свест, но немал сили. Колабирал. Го напуштил клубот и отишол во брза помош, каде примил инфузија, вели извор.

Харис вчера не одговарал на повиците.