Децата учат од татковците како мажот треба да се однесува кон жената
Децата учат од своите татковците како еден маж треба да се однесува кон жената. Кога таткото им дава лош пример на своите деца најчесто доаѓа до емоционална злоупотреба во нивните врски кога ќе пораснат, а во потешки случаи и до физичко насилство. Затоа е неопходно татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца.
1. Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на којшто родителите ги почитуваат децата, и секако преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе.
2. Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа перспектива. Мора да ја покажат важноста на почитувањето на туѓото мислење, дури и кога не се сложуваат со тоа.
3. Децата учат од родителите како активно да соработуваат во решавањето на проблемите и да помагаат во извршувањето на разни задачи.
4. Татковците можат да им дадат добар пример на децата ако им покажат како да ги решаваат проблемите почитувајќи ги сопствените и потребите на другите.
5. Кога кај татковците има мотив да се направат работите подобри, децата тоа веднаш ќе го прифатат и ќе ги прифаќаат предизвиците во врските и воопшто во животот со намера да ги подобруваат работите.
6. Сочувствувањето со мајката е неопходно. Кога децата ќе видат дека таткото сочувствува со болката или вознемиреноста на нивната мајка, така што сака да помогне и да ја заштити, но не и да ја контролира, ќе сфатат дека мајката има своја личност со свој карактер, темперамент, чувства, мислење и вредности кои се заштитени од него.
7. Добриот став кон другите луѓе ќе се преслика кај децата и ќе немаат проблем да засноваат здрави врски кога ќе пораснат.
8. Покажувањето на приврзаност кон мајката ќе ги направи децата да се чувствуваат заштитени и многу посигурни.
9. Татковците и мајките им даваат одличен пример на своите деца кога прават добри работи еден за друг, односно кога секојдневно се грижат за себе.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок