Loading Video...
Свет
12. May 2020 - 14:21

Децата не може брзо да го шират Ковид-19, тврдат англиските доктори

Децата не може брзо да го шират Ковид 19, тврдат англиските доктори. Поради тоа, тие советуваат дека е време децата да се вратат во училишните клупи. Анализата објавена во списанието, Archives of Disease in Childhood, покажува дека во земјите како Јужна Кореја и Исланд каде биле извршени голем број тестирања, речиси и да немало деца позитивни на вирусот. И во Италија каде 86% од популацијта била тестирана, по првиот смртен случај во февруари, утврдено е дека немало деца под 10 години кои имале корона.Овој резултат бил добиен и покрај тоа што голем број од децата живееле со возрасни лица кои биле заразени.  И во Кина, каде има втор  забележана е многу пониска стапка на заразени деца во споредба со возрасните лица над 60 години,

5 пациенти заразени со коронавирус загинаа во пожар  во болница во Санкт Петербург, Русија. Сите петминна починати биле прикличени на респиратори. Пожарот настанал поради дефект на  респираторите на одделот за интензивна нега, по што дошло до краток спој.

Од болницата биле евакуирани повеќе од 150 луѓе, но засега нема информации дали и колки лица се повредени.

По САД и Шпанија, Русија е третото жариште во светот по бројна на заразени лица со Ковид 19. Во изминатото деноноќие биле регистирани 10, 899 случаи,а починале 107.

Но и покрај критичната ситуација во земјата, претседателот Владимир Путин почна да ги ублажува мерките. Русите денеска се вратија на работа.

Затвореници во САД смислиле план како побрзо да излезат од затвор. Тие решиле намерно да се заразат со коронавирус. Доказ за ова се безбедносниоте снимки од затворот каде се гледа како група затвореници користат иста чаша и маска. По ова им биле напрени тестирања, по што се утврдило дека сите 21 затвореник биле позитивни на Ковид 19.  Изненадниот пораст на Ковид-19 случаи во затворот во средината на април бил без објаснување. Њујорк Тајмп пренесува дека токму затворите се едни од најпогодените иституции во САД. Така на пример, во затворот во Марион, Охајо, кој има најголема стапка на инфицирани во целиот американскиот затворски систем, заразени се повеќе од 80 отсто од вкупно 2.500 затвореници и 175 вработени.