-->
-->
Дебата „Западен Балкан: Предворје на ЕУ или поле за натпревар помеѓу големите сили?“
-->
Нејасната и несигурна перспектива на земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ и (не)постоењето алтернативни сценарија на евро-интегративниот процес беше тема на дебатата што денеска во Скопје ја организираа Центарот за истражување и креирање политики, заедно со Полската амбасадата во Република Северна Македонија.
Како што соопштија организаторите, подетално на дебатата во која учествуваа претставници на Владата, невладиниот сектор, академијата и дипломатскиот кор, се дискутираше улогата на Русија, Турција и некои од земјите од Блискиот Исток.
Марцин Прзичодниак, аналитичар во Азиско-пацифичката програма на Полскиот институт за меѓународни односи и Ана Крстиновска, аналитичарка при Центар за истражување и креирање политики во Скопје и раководителка на програмата за ЕУ интеграции, се осврнаа најмногу на Кина и нејзината улога и влијание на евроинтегративниот процес врз Западен Балкан.
Учесниците заклучија, се додава, дека освен ЕУ интеграцијата, нема друга расположлива алтернатива за Западен Балкан. Но, потребна е стратешка насока од ЕУ која ќе даде силен поттик на реформите (нормативни и институционални) со поставување на ЕУ цели во услови кога геополитичките интереси и капацитети на останатите светски сили се менуваат.
-Западен Балкан има потреба од капитал, а со криза на политиката за проширување пристапот до таков капитал од ЕУ е ограничен. Од друга страна, Кина се јавува како извор на лесно достапни финансиски средства чиешто користење некогаш се прави на начин кој ги поткопува стандардите и вредностите на ЕУ во регионот. Затоа регионалната соработка со Кина преку механизми како што е 17+1, но и билатералната соработка на земјите од Западен Балкан треба да ги има предвид генералните трендови во соработката меѓу ЕУ и Кина. Но, во моментов недостасува единство на ниво на ЕУ околу соработката со Кина и насока од ЕУ за односите меѓу Западен Балкан и Кина, било истакнато.
Затоа, се посочува, потребно е земјите од регионот преку регионална соработка да усвојат најдобри практики кои се во согласност со европските вредности како и стандардите за заштита на животна средина, спречување корупција, добро финансиско управување и заштита во работни односи, како и да ја интензивираат економската соработка со Кина додека истовремено спроведуваат нормативни и институционални реформи утврдени со европските заеднички политики.
Дискусијата се одвиваше според Чатам Хаус правилата и без директна медиумска покриеност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право