Македонија
10. March 2016 - 8:44

Дебата за родовата перспектива во рамки на пристапниот процес на Македонија

Родовата перспектива во рамки на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ е тема на денешната конференција што се организира во рамки на проектот „ЕУ застапување“.

На конференцијата најавено е присуство на постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон, амбасадорот на Шведската амбасада Мат Стафансон, и претседателот на „Реактор - Истражување во акција“, Дамјан Здравев. 

Во дебатата ќе бидат вклучени претставници од релевантните национални институции, меѓународни организации и од граѓанскиот сектор во насока на проценка на ефективноста на институционалните механизми за унапредување на позицијата на жените во носењето на одлуки.