Дебата за еколошките прашања во Струга
Во рамки на проектот Мобилен Парламент, Граѓанската Асоцијација МОСТ денеска во Струга организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Стругa“.
Целта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници отворено да се разговара за еколошките прашања кои ги засегнуваат сите граѓани на Струга. Загадувањето на животната средина од локалната депонија негативно влијае и на здравјето на граѓаните, како и на економскиот развој и туризмот во регионот. Дополнително загрижувачки се и последните информации за загадената вода за пиење.
На дебатата можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. На неа ќе говорат пратениците, а поканети се и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, од локалната самоуправа и од невладиниот сектор.
Проектот „Мобилен Парламент“ на Граѓанска асоцијација МОСТ е поддржан од Европската унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите