Дебар шести ден без новозаразени од коронавирусот
Во Дебар денеска е шести ден како нема новодијагностицирани со Ковид-19, според податоците на Министерството за здравство.
Тоа значи дека бројката на заразени во оваа општина е 49, од нив двајца, кои беа и првозаразени, се од соседната општина Центар Жупа.
Од вкупната бројка, 16 се излекувани, 29 се на домашно лекување, а четворица починаа. Во моментов, како што потврдуваат од Оперативниот штаб, се чекаат резултати од тестираните 13 сомнителни случаи.
Во општините Дебар и Центар Жупа, каде на 13 март беше прогласена кризна состојба, поради опасниот вирус во домашна изолација се 79 лица или осум повеќе споредено со вчера.
Во двете општини, според Одделението за внатрешни работи од Дебар, десеттина дена не се забележани непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.
Градоначалниците на двете општини, Хекуран Дука на Дебар и Аријан Ибраим на Центар Жупа, во континуитет апелираат до граѓаните на строго почитување на мерките и препораките, пред се да не се излегува без некоја неопходна потреба, да се одржува социјалната дистанца и да се избегнуваат домашни посети.
Продолжува да пристигнува хуманитарна помош од институции, организации, фирми и поединици која потоа се респределува на семејствата во социјален ризик, а снабдувањето на населението со прехранбени артикли и лекови се одвива непречено.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука информираше дека е упатено барање до Владата да информира каков ќе биде статусот на општините Дебар и Центар Жупа, по 11 април кога изминува
периодот на кризната состојба.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација