Македонија
21. јуни 2016 - 17:55

Дебар ќе соработува со општини од Југозападниот плански регион

Советот на општина Дебар, на редовна седница, донесе одлука за соработка со општините од Југозападниот плански регион: Вевчани, Центар Жупа, Охрид, Дебрца, Струга, Пласница, Кичево и Македонски Брод.

- Соработката на општина Дебар со овие општини има големо значење за општински и регионален развој. Исто така, ќе придонесе многу за реализација на проекти кои ги користи општина Дебар преку Центарот на југозападниот плански регион, изјави Башкил Машкули, претседател на Советот.

Советот донесе и одлука со која за преставник на општина Дебар во Мрежата инклузивен рурален развој на Југозападниот плански регион беше избран Арбер Баша, вработен во општина Дебар.

- Во оваа тело има преставници на сите општини од Југозападниот плански регион, како и од повеќе стручни институции од регионот, како што се факултетот за туризам во Охрид, претставници на невладини организации, тур оператори и друг . Оваа постојана работна група ќе има редовни средби на кои ќе изнесува свои анализи, но и идеи за соработка со цел да има поголем равој на регионот, образложи Машкули.

Дебарските советници донесоа едногласна одлука за соработка на општина Дебар со општина Адапазар, Република Турција. Во врска со оваа одлука, Машкули, информираше дека градоиначалникот Ружди Љата се наоѓа во посета на Адапазар, каде се очекува да поптише меморандум за соработка меѓу Дебар и Адапазар.

Во обралзожението се вели дека во градот Адапазар има еден голем број иселеници од Дебар и соседните општини. Во првата фаза на соработката, како свери на соработка ќе бидат економијата и културата.