Loading Video...
Фудбал
14. July 2021 - 14:27

Дебакл на Шкендија на гостувањето кај Мур, тетовци против Рига продолжуваат во Конференциската лига

Македонскиот фудбалски првак тетовска Шкеднија го заврши својот настап уште во првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
 
Вистински дебакл доживеа Шкендија во дуелот со словенечка Мура, па по поразот од 1:0 на првиот натпревар во Скопје, тетовци на гостувањето загубија со убедливи 5:0, со што на најлош можен начин ја завршија својата авантура во квалификациите за Лигата на шампионите. 
 
Сепак, Шкендија и натаму останува на европската фудбалска сцена и тоа во второто квалификациско коло во новоформирата Конференциската лига, во која за противник ќе го има летонскиот тим Рига. Првиот натпревар ќе се играат на 22 јули во Рига, а една недела подоцна реваншот е во Скопје на Националната Арена “Тодор Проески“.
 
Свое место во второто коло од Конференциската лига бркаат и трите останати македонски претставници. 
 
Најголеми шанси има екипата на Шкупи која на гостувањето во Приштина на косовскиот тим Лапи ќе патува со предност од 2:0. 
 
Струга ТЛ има позитивен резултат од гостувањето во Летоника каде со Лиепаја одигра 1:1, резултат со кој својот реванш дуел ќе го започнат и екипите на Силекс и Петроклуб на дуелот што ќе се игра во Молдавија во четврток.