Де Лаурентис: Потрошив милиони а играат едни исти
Сопственикот на фудбалскиот клуб Наполи, Де Лаурентис беше разочаран од поразот на неговиот тим во Мадрид во мечот од ЛШ каде Наполи загуби со 3-1 и потоа ги критикуваше тренерот и фудбалерите.
- Само Инсиње покажа наполитански дух, се бореше додека останатите беа незабележителни на теренот. Беа маѓепсани или уплашени од големиот Реал кој не играше ништо посебно. Не сакам да навлегувам во одлуките на тренерот, можеби не се согласуваме но не ми паѓа на памет да го анализирам неговиот избор на играчи. Трошам многу пари а на крајот секогаш играат исти фудбалери. Не велам дека Милиќ требаше да стартува но би сакал да видам похрабри одлуки и експериментирање-изјави претседателот на Наполи кој се надева дека во реваншот неговиот тим ќе направи подвиг иако се плаши од реакциите на играчите.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет