Балкан
13. January 2016 - 22:57

Давутоглу: Уапсени се уште четири лица осомничени за вчерашниот самоубиствен напад

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу соопшти денеска дека турската полиција уапсила четворица осомничени лица, поврзани со вчерашниот самоубиствен напад во туристичкиот центар на Истанбул, во кој беа убиени 10 германски туристи, пренесува БТА. 

- Денеска притворивме уште четири лица, изјави Давутоглу пред новинарите во Истанбул.

Првиот осомничен за атентатот беше уапсен синоќа.