Балкан
19. March 2016 - 19:43

Давутоглу: Турција ќе продолжи со борбата против центрите на тероризмот

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го осуди денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, во кој загинаа пет лица, а 36 беа ранети, оценувајќи го како „нехуман“ и нагласувајќи дека Турција ќе ја продлжи борбата против „центрите на тероризмот“.  

- Ниту еден центар на тероризмот нема да ги постигне своите цели со вакви монструозни напади. Нашата борба ќе продолжи со истата решиотелност како и досега, се до целосното ликвидирање на тероризмот, порача Давутоглу.  

Досега никој не презеде одговорност за нападот, но според безбедносни извори, начинот на кој тој е изведен укажува дека зад него стои или џихадистичката група Исламска држава (ИД) или Курдската работничка партија (ПКК).