Балкан
18. October 2015 - 20:17

Давутоглу-Меркел: Загриженост поради можен нов бран бегалци од Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изразија загриженост поради ризик од придвижување „нов бран“ бегалци од сирискиот град Алепо.

Давитоглу на заедничката преес-конференција со Меркел, која допатува во посета на Истанбул, истакна дека Турција е подготвена да соработува со германија околу прашањето за спречување на илегалната миграција, но дека кризата не може да се реши без прекин на судирите во Сирија.

Тој го пофали „подобриот пристап“ на ЕУ во врска со прашањето за поделба на товарот од бегалската криза.

- За жал, меѓународната заедница ја остави Турција сама што се однесува до поделба на товарот. Задоволни сме што сега постои подобар пристап, изјави турскиот премиер.

Според него, неопходна е „безбедносна зона“ во северниот дел на Сирија за да се спречи приливот на бегалци.

Меркел нагласи дека Германија е подготвена да и помогне на Турција на патот кон ЕУ, давајќи и поддршка на Анкара во замена за турската помош во спречување на бегалскиот бран во Европа.

Германската канцеларка во четвртокот ги предупреди европските лидери на самитот на ЕУ во Брисел дека Европа не може да го реши проблемот со мигрантите без помош од Турција, која е „домаќин“ на повеќе од два милиона сириски бегалци.