Давкова за Мијалков: Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица, неверојатно нешто
Случајот со бегството на Мијалков наликува на филмови како „Роки“ и „Кум“, ова го изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во гостувањето во Дневникот на Сител.
- Јас се чудев како можеше денеска премиерот да има повеќекратна улога. Да одговара и во својство на Јавен обвинител, истражен судија, судија. Тој го опиша целиот процес. Добивме впечаток како да се работи за некој филм, како „Роки“, да речеме, или „Кум“. „Јас не би можела да кажам бидејќи постапката трае во кого може да се лоцира вината, бидејќи тоа ќе го кажат судските органи“ – таков одговор очекував денеска од премиерот. Очекував да одговара министерот за правда, министерот за внатрешни работи. Меѓутоа, шокантно делуваше сѐ што се случуваше, наликуваше на филм, рече Давкова.
Појасни дека целиот процес остава повеќе отворени прашања.
- Од температура над 40 степени и потоа облекување на маица. Неверојатно нешто. До ваши колеги новинари кои случајно се најдоа на тоа место. До опис, прво на бегство, па потоа присуство овде. Многу дилеми има и тоа фрла темна сенка на Обвинителството, рече Сиљановска Давкова.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна