Свет
29. January 2017 - 14:28

Даунинг стрит 10 : Меј не се согласува со американската забрана за влез на муслимани

Британскиот премиер Тереза Меј не се согласува со забраната за влез на муслимани и бегалци во САД, што ја потпиша во петокот претседателот Донад Трамп, соопшти денеска Даунинг стрит 10.

Кабинетот на британскиот премиер во соопштението вели дека Лондон ќе се жали во Вашингтон, доколку со забраната бидат зафатени и британски државјани.

Реакцијата на британскиот премиер доаѓа 48 часови по објавување на одлуката и заминувањето на Меј од САД.

Таа во петокот се сретна во Белата куќа со Трамп и разговараше со новит претседател за , како што рече, новото унапредување на „историските специјални врски“ меѓу Британија и САД.

Во британската јавност Меј е остро критикувана за досегашното молчење околу декретот на Трамп, што таа и нејзнинит кабинет го објаснуваа со тоа дека САД самите одлучуваат каква ќе биде политиката што ја водат.

Опозициските лабуристи и замеруваат на Меј дека веднаш покажала оти Велика Британија ќе биде послабиот партнер во идното „ново парнерство“ со САД, замерајќи и дека таа немала храброст да го критикува декретот на Трамп и на тој начин да ги одбрани британските вредности, за кои постојано зборува.

Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен ја критикува Меј што како британски премиер и требало „толку многу време“ за да се охрабри и да се огради од решението на Трамп, донесено уште додека таа беше во САД.

Премиерот Меј е критикуваа и од нејзината Конзервативна партија. 

Пратеникот на партијата Надим Захави кој е роден во Ирак, соопшти денеска дека тој е погоден со забраната што ја воведе американскиот претседале за државјани на седум муслимански земји, меѓу кои и за Ирак.

Според него, станува збор за „сурова одлука“ која би требало веднаш да биде укината.

- Не мислев дека одново ќе се почувствувам дискриминиран, изјави Захави денеска во разговор за „Би-Би-Си“.

Тој објасни дека со својата сопруга требало да патува во САД, каде нивните двајца синови студираат на Универзитетот Принстон.

Захави жали што сега не може да патува и да влезе на американска територија.