Македонија
19. January 2017 - 14:08

Дарио Вренцоски прв дојде до светиот крст во Кичево

Најсреќниот Дарио Вренцоски го пронајде светиот крст во осветените води на базенот во Кичево.

Чествувањето на Богојавление  Водици во Кичево денеска почна со утрена богослужба и света божествена литургија на свештениците од храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, на која присуствуваа голем број верници.

По литургијата беше осветена вода во црквата, од која верниците си зедоа за во своите домови.

Литијата  од храмот „Св. ап. Петар и Павле“  тргна во 10 часот, по што се изврши осветување на водите во базенот од страна на свештенството и беше положен крстот.

Ден претходно,  базенот во поранешниот Дом на АРМ беше подготвен за денешното полагање на крстот.

Како и претходните години, и годинава бројот на доброволни верници кои скокнаа по крстот беше доста голем.