Џет-Сет
31. March 2016 - 14:33

Дара и Владо Георгиев фатени во непримерна поза

Несогласувањата меѓу Дара Бубамара и Владо Георгиев овие денови ја шокираа јавноста. Но на сцената на ТЛЗП се случи нешто сосема друго.

Гледачите ги очекува уште една спектакуларна епизода. Натпреварувачите и жирито повторно ќе ни приредат урнебесни сцени и ќе не насмеат до солзи. Дара Бубамара во оваа епизода има задача да го имитира популарниот Барба, а како пејачката како и секогаш сериозно си ја сфати задачата, и овојпат даде се од себе.

Неверојатната сличност со Владо го збуни и неговиот пријател Нигор, која, според неговите зборови, го заборавил текстот кога ја видел Рада на сцената, и не можел да верува колку личи на поп пејачот и дека маската и е одлично изработена.

-Гледај, малечок Владо - искоментира Нигор низ насмевка.

Владо им се придружи на Дара и Нигор на сцената, а какви беа коментарите, ќе дознаеме во недела во 21 часот на Сител.