Данска спречува бегалците да одат во Шведска
Данската полиција синоќа затворила еден автопат од безбедносни причини, спречувајќи неколку десетици бегалци, вклучувајќи жени и деца да ја минат границата со Шведска, јавува Радио Слободна Европа.
Претходно таму стигнале околу триста бегалци во надеж дека пеш ќе преминат во Шведска преку мостот што ги поврзува Копенхаген и Малме. Дошло и до физичка пресметка меѓу полицијата и бегалците кои одбиле да им бидат земени отпечатоци на прстите, плашејќи се дека нема да им биде дозволено да ја напуштат Данска.
Премиерот Ларс Расмусен предупреди дека никому нема да му биде дозволено да го продолжи патувањето кон Шведска. - Не можеме да ги игнорираме нашите обврски и да ги пратиме таму без согласност на шведските власти. Не сме како другите земји кои се одговорни за тоа што системот за азил е под огромен притисок, рече тој.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење