Данска пријави подводно истекување гас од гасоводот „Северен поток 2“
Данска денеска пријави истекување на гас од гасоводот „Северен поток 2″, што од Русија оди кон Европа под Балтичкото Море, па оцени дека постои опасност за поморскиот сообраќај.
Данскиот оператор на гасоводот „Северен поток 2″ потврди за истекувањето откриено југоисточно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море.
Иако овој гасовод не се користи за увоз на гас, тој сепак е наполнет, јави новинската агенција ДПА.
Портпаролот на „Северен поток 2″ изјави дека е забележано губење на притисокот во цевките рано изутринава и оти веднаш се информирани надлежните тела во Германија, Данска, Шведска, Финска и во Русија.
Германското Министерство за економија соопшти дека „не му се јасни причините и фактите во врска со оваа работа”.
„Моментално разменуваме информации со надлежните тела за да ги разјасниме фактите”, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија