Спорт плус
25. July 2015 - 16:21

Данска нов предизвик за македонските одбојкари

 
По двете максимални победи над Израел изминатиот викенд, најдобрите македонски одбојкари, викендов се пред нов предизвик во Европската лига.
 
Во дво-мечот против Данска, нашите одбојкари ќе атакуваат на максимални 6 бода, со кои ќе го задржат шансите за пласман на едно од двете места во групата А , кои носат пласман на завршниот „Фајнал-фор’’ турнир.
 
Првиот од двата меча со данска кои ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, на програмата е вечерва од 20 часот и 15 минути, додека утре (недела) средбата ќе започне од 17 часот и 30 минути.
 
Табела: Естонија 12 бодови (4 натпревари), Полска 10 (6), Австрија 8 (4), Македонија 8 (4), Данска 3 (3) и Израел 3 (6).