Балкан
2. July 2021 - 9:15

Данска ќе донира два милиона вакцини „АстраЗенека“ за земјите од Западен Балкан

Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС.

Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, како најефикасното оружје против пандемијата.

Данската Влада соопшти дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан, пренесува Клик.