Данска ги укина рестрикциите за влез во земјата за македонските државјани
Данското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјите од портокаловата листа за ризик од Ковид-19, како што се Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтата листа, откако државниот Дански институт за превенција и контрола на заразни болести регистрираше пад на стапката на инфекции со коронавирус во овие држави.
Според соопштението на данското МНР, од 19 јуни, патниците од овие земји ќе можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за Ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com.
За државите од жолтата листа, сепак, останува непроменет условот да се тестираат пред да влезат во земјата.
Исто така, неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија, се додадени на жолтата листа.
Во соопштението на данското МНР се додава дека ниту една земја не се додава од жолтата во портокаловата листа. Патниците од земји коишто се на портокаловата листа исто така можат да влегуваат во Данска за несуштински потреби, но морат да поминат низ самоизолација и тестирања за Ковид-19.
На 12-ти овој месец, данската Влада го укина карантинот за патници од Кипар, Хрватска, Луксембург и Швајцарија, поради ниската стапка на инфекции со Ковид-19 во изминатиот период.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас