Македонија
10. December 2019 - 16:37

Дане Талески ќе биде новиот македонски амбасадор во НАТО - ратификацијата на протоколот ќе заврши до 11 февруари

Дане.Талевски, досегашниот надворешно политички советник на премиерот Заев и Национален координатор за НАТО ќе биде номиниран за амбасадор на земјава во Алијансата. Високи владини извори брифираат дека неговата кандидатура во четврток на владина седница се очекува да ја поднесе шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На истата седница се очекува да бидат предложени имиња за неколку испразнети амбасадорски позиции. Извори од Владата велат дека овој предлог е веќе усогласен со шефот на државата Стево Пендаровски. Од кабинетот на Пендаровски за Сител велат дека сеуште ја очекуваат листата со предложени амбасадори па дури потоа претседателот ќе даде коментар.

Викендов во емисијата Дететктор, Пендаровски посочи дека за испразнетите амбасадорски места смета дека е најссодветно да бидат избрани кандидати од редот на професионалните дипломати во МНР.

Високи владини извори денеска брифираа дека постои можност Протоколот за членство во НАТО да биде ратификуван во Шпанија до крајот на Јануари. Но доколку тоа не се случи планот Б е предвремено да се ратификува но со одложено дејство. Не постои причина ратификацијата вда се остави за по парламентарните избори, велат од владата.

Владиниот врв вчера имал уникатна можност одблизу да се запознае со воената моќ и капацитет на НАТО. Заев, Шекеринска и спикерот Џафери придружувани од амбасадорката на САД во земјава се сретнаа со адмиралот Џејмс Фого и го посетија носачот на авиони Хари Труман.

- Добро е што поддршката за НАТО во нашата земја е стабилна и расте. Дури и најголемите скептици почнаа да покажуваат наклонетост кон Алијансата. Тоа значи дека НАТО обединува.  Гаранцијата за нашата безбедност и стабилност за која се уверуваме и тука, на носачот на авиони Хари Труман, нека биде поттик сите фактори во земјата да се заложат за реформи, за демократија, за владеење на правото и за почитување на човековите права и слободи - изјави Заев.

- Пред само неколку дена се вративме од Лондон на нашиот прв состанок на лидерите на НАТО земјите членки. И рековме дека после речиси 30 години, нашата држава успеа да стане членка на најмоќниот воено-политички сојуз.  Ако пред неколку дена зборувавме за најмоќниот воено-политички сојуз, денеска на Сицилија и на Медитеранот можевме да видиме што значи тој најголем, најмоќен воено политички сојуз. Денеска имавме прилика да видиме само мал дел од одбранбените капацитети на НАТО. Нашето присуство на едниот носач на авиони Труман, којшто е дел од НАТО флотата, овдека на Медитеранот, покажува што ова ќе значи за нашата држава - изјави Шекеринска.