Балкан
7. September 2019 - 13:55

Далмација ја покоси невреме: Паѓаше град со големина на орев од Задар до Сплит

Силно невреме ја погоди ноќеска и рано утрово Далмација, а во одредени подрачја паѓаше град со големина на орев.

Најсилна бура го зафати Чиово и поширокото подрачје на Трогир, за поради големото количество врнежи одредени делови од Чиово се најдоа под вода. Како што пренесува Индекс.хр, на одредени места паднаа и неколку центиметри град.
 

Се уште не е познато дали има материјална штета, но порталот истакнува да одредени зрна од градот имале големина на орев.

Во раните утрински часови силно невреме со грмежи го зафати и подрачјето од Задар до Сплит, па на тоа подрачје паѓаше обилен дожд.

Невремето продолжи да се движи кон југ, па повторно се активираше јужно од Макарска, па подрачјата меѓу тој град и долината на Неретва ја погоди изразено невреме и поголемо количество врнежи.