Македонија
24. September 2020 - 16:37

Дали заканите на Каракачанов се од корист за добрососедството

Постојаните закани од Каракачанов  не се во духот на добрососедството и фрлаат лошо светло врз мегународниот имиџ на Бугарија. Ова не е само македонска перцепција  , туку и став на  бугарската експертска јавност која се дефинира како проевропска. Директорката на Европскиот совет на надворешни односи  во Софија Весела Чернева вели дека Догворот за доброседство треба да се почитува од двете страни, а Бугарија да не ја користи својата позиција на членка на ЕУ за да ги блокира евроинтегративните процеси во регионот.

И министерката за одбарана Радмила Шкеринска, очекува политичката криза во Бугарија да не се користи за добивање евтини политички поени за важни регионални прашања.

Шекеринска, коментирајки ја  изјавата на својот колега Каракачанов дека не е време Македонија да започне преговори со ЕУ се одека не ги прифати бугарските услови, истакна дека очекува Бугарија и другте сојузници да и помогнат во оставување на македонската европска иднина а не да одмагаат, бидејки земјава веке го поминала тестот на доброседството.