Македонија
25. July 2021 - 16:43

Дали задоцнетата транспарентност на Министерството за здравство ќе влијае врз довербата кај граѓаните?

Протести, пораки против вакцинација, антиваксерски движења и разни теории се се почести појави. Експертите сметаат дека сега клучно е како институциите ќе пристапат кон граѓаните и со какви алатки ќе им објаснат зошто е потребна имунизација. Според комуникологот и експерт за социјални мрежи Бојан Кордалов најсоодветна е локална кампања, директна комуникација со граѓаните. Наместо конфронтација да се гради позитивна атмосфера и кампања и да се користат сведоштва на граѓани кои се избориле со вирусот.

Најголемо влијание има дигитализацијата па затоа Кордалов смета дека сите информации поврзани со короната треба да им бидат достапни на граѓаните 24ч.

Имунизацијата против Ковид-19 во земјава се одвива без закажување на пунктовите, но иако се очекуваше голем интерес прва доза дневно се одлучуваат да примат околу 5 илјади граѓани низ целата држава. До сега вкупно се аплицирани 818.925 дози вакцини. Во моментов достапни се вакцините на Фајзер и Синовак.