Loading Video...
Свет
2. August 2020 - 19:32

Дали оваа зима ќе ја има првата вакцина против коронавирусот - Оксфорд универзитетот подгрева надеж

Ефикасна и безбедна вакцина е во рацете на научниот тим на Универзитетот Оксфорд. Првите клинички испитувања извршени врз над 1000 волонтери дадоа одлични резултати – силен имунолошки одговор, создавање антитела кои можат да го победат вирусот на короната и незначителни нус појави. Британската Влада која е еден од спонзорите на проектот соопшти дека ќе ја одобри вакцината кога испитувањата ќе покажат дека таа е потполно безбедна.

Меѓу доброволците врз кои беа направени првите тестирања на вакцината беа и трите деца на шефицата на Оксфродскиот тим, Сара Гилберт. Тие, како студенти по биохемија, самите се пријавиле да учествуваат во клиничките испитувања кои ги води нивната мајка. Гилберт вели дека е задоволна од успешното тестирање и се надева дека вакцината брзо ќе влезе во производство.

Оксфордскиот тим во создавање на вакцината соработува со британско-шведската мултинационалната фармацевстка компанија Астра Зенека. Истражувањата во моменетов се во трета фаза, во која се врши тестирање врз  10.000 луѓе во Британија, Бразил и Јужна Африка, по што ќе следува и тестирање на 30.000 доброволци од Соединетите Американски Држави.