Живот
9. јуни 2016 - 20:44

Дали оваа мачка има дупка на стомакот? Цел свет одлепи поради овие фотографии, но сфатија дека...

Корисник на Твитер од Обединетите Арапски Емирати постави фотографија од мачка. Таа вест секако не би завршила по медиумите ако мачката на фотографијата не изгледа како да и е дупнат стомакот.

Мачката со дупка во средина од телото станала вистинска сензација, а многу корисници на таа социјална мрежа навистина помислиле дека станува збор за „зомби мачка“.

Твитерџијата закачил уште една фотографија од ова животно. Иако е напревена од друг агол, мораме да принаеме дека и од таа позиција делува како да има дупка во стомакот.

Сепак, не се работи за некое чудо, туку станува збор шарата на мачката, односно бојата, иста како песокот во Емиратите.