Македонија
13. May 2022 - 21:17

Дали на изборот на судиите треба да има политичко влијание?

Идните уставни судии да се бираат на оглас. Предлогот доаѓа од пратениците кои денеска на собраниската комисија за избори и именувања предложија кандидати за испразнетите места во Уставен. За поголема отвореност на постапката, Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предлага и сослушување на кандидатите.

Измени во начинот за избор на судии за Уставен, поддржува и власта. Но, додека се смени постапката, сметаат дека изборот на судии треба да биде како и досега.

Најавите за смени при изборот, за поранешниот прв човек на судот, Трендафил Ивановски, биле обид за целосно уништување на Уставен. Појаснува дека најавените измени ќе значат и промени во Уставот.

За испразнетите места во Уставен, власта предложи тројца кандидати од кои за јавноста, познат е сегашниот прв човек на републичкото обвинителство. Опозијата пак понуди двојно повеќе имиња, прв на списокот се најде поранешниот собраниски спикер Саво Климовски.

Кои од понудените деветмина кандидати ќе седнат во овалната сала ќе се знае откако нивните биографии ќе ги разгледаат пратениците во комисијата, а предложените имиња ќе треба да добијат и поддршка од 61 глас на пленарна седница.