Македонија
28. May 2018 - 16:20

Дали изборот на заменици министри во собранието ќе се поклопи протестот на ВМРО-ДПМНЕ?

Новите членови во министерскиот тим на Заев, Собранието ќе ги бира во петок.. Седницата на која единствени точки се изборите на новите министри и заменици, спикерот Џафери ја закажа за први јуни, потврдуваат од неговиот кабиент.. Од таму додаваат дека реконструкцијата на владиниот кабиент треба да заврши до петок на полноќ..

Тоа што е непознато е дали собраниската седница за избор на заменици министри ќе се одржи за време на протестот на ВМРО ДПМНЕ.

Новите министри и заменици во кабинетот на Заев ќе влезат во време кога овде пред владата, народен протест ќе има опозицијата.. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на 2 јуни почнуваат битка за пораз на власта.

Од партијата велат без оглед на тоа кога ќе се одржи собраниската седница, се работи за јалова реконструкција на владата. Пратеникот Владимир Ѓорчев смета дека министерскиот тим нема резултати ниту идеа, и не реализирал ниту едно сериозно ветување..

Инаку, со реконструкцијата официјално во работата на владата ќе се приклучи скопското крило на Беса кое согласно преговорите со Заев ќе го добие Министерството за култура. За ова место партијата го понуди Асаф Адеми. Министерско место ќе добие и ДПА на Мендух Тачи. Партијата го предложи  Бардуљ Даути за министер без ресор. Со реконструкцијата пак СДСМ и ДУИ ќе ги разменат министерствата за образование и правда. Така, Дескоска го напушта образование и седнува во министерството за правда. На нејзино место доаѓа кадар на ДУИ, па во иднина со образование ќе раководи Арбр Адеми.