Loading Video...
Свет
12. November 2020 - 17:30

Дали Фајзер ја има формулата за вакцина?

Научниците со претпазлив оптимизам ја поздравија објавата на Фајзер и Бајонтек дека нивната вакцина за ковид 19 досега дава одлични резултати. Треба да се почека крајот велат научниците и потенцираат дека информациите објавени во оваа фаза не даваат одоговор дали вакцината на Фајзер и други слични вакцини можат да спречат најтешки случаи или да ја смират пандемијата. Остануваат и прашања колкува заштита нуди вакцината,кому и колку долго.

- Уште е рано. Не знаеме навистина колку добро делува оваа вакцина кај постарите луѓе. Треба да видиме дали има доволно податоци за да се каже тоа. Бремените жени не беа проучени, а студиите за деца штотуку почнуваат, вели Вилијам Шафнер од универзитот Вандербилт.

На 9 номеври Американскиот медицински гигант Фајзер и гемранскиот Бајонтек објавија дека нвината експериментална вакцина е 90 отсто ефикасна и дека до крајот на месецот ке побараат дозвола од САД за итна употреба.

90% ја менува играта. 90%, сега се надеваме да имаме алатка во војната со оваа пандемија која ќе биде значително ефективна. Колку долго ќе трае оваа заштита? Тоа е нешто што не знаеме сега, но е една од целите на оваа студија. Ќе ги проверуваме 44,000 луѓе кои добија вакцина, кои се дел од оваа студија, вкупно 2 години. За време на оваа проверка исто така ќе истражиме колку е издржлива имунитетската реакција.  Изјави Албер Бурла извршен директор на Фајзер.

Компаниите  веќе продадоа 82 проценти од произведените дози на некои од најбогатите земји во светот.

Во одлична кондиција сме да имаме до 50 милиони дози оваа година, глобално. Верувам дека сме во добра ситуација да имаме 1.3 билион дози, глобално, наредната година вели Албер Бурла.

 Скалдирањето ќе биде голем предизвик. Вакцината треба да се чува на минус 80 степени. 

- Оваа вакцина има и дополнителна компликација ,бидејки за нејзино складирање треба  многу ниски температури,многу пониски од  домашниот фрижидер или замрзнувач.

Ефикасноста се мери најмалку една недела откако учесниците во испитувањето добиле втора доза на вакцината 3 недели по првата. 38 955 волонтери на 8 номеври ја добија втората доза, така што првичните проценки за ефиканостата на вакцината може да се променат велат научниците.