Македонија
29. December 2019 - 19:35

Дали е Охрид подготвен за инспекцијата од УНЕСКО?

На неполн месец пред доаѓањето на претставниците од Унеско во Охрид за да утврдат колку од препораките се исполнети од Управата за заштита на културното наследство на став дека вредното богатство со години е на маргините. Костов вели дека  потребно е подигање на свеста за неговото значење и поголеми казни за оние кои ги уништуваат спомениците на културата .

Има недостаток од стручен кадар, континуирано  финансирање , менаџирање и внесување на дигитална технологија во процесот на работата за да се одржува богатото наследство.

Костов вели дека  приоритет ќе биде новиот нацрт закон за заштита на културното  наследство со кој финансирањето нема да зависи од политичките моментални ситуации туку ќе биде долготрајно. Инаку, Охрид има рок до февруари 2020 година да ги испорачаа резултатите, а постигнатиот напредок ќе се разгледува на состанокот на Комитетот за светско наследство, кој е закажан за јуни каде треба да се одлучи дали охридскиотрегион ќе се најде на листата на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО.