Свет
18. јуни 2016 - 9:22

Дали Америка треба да продолжи да биде светски лидер?

Камени надгробни споменици и ѕид со златни ѕвезди се дел од споменикот за Втората светска војна во Вашингтон, во спомен на американските војнци кои ги загубија животите во тој конфликт. Тоа е пригодно импозантно признание за одлучната интервенција со која се запечати статусот на Америка како „суперсила“.

Но од тогаш, многу нешта се сменија, а најочигледен беше пропаста на Советскиот сојуз и подемот на Кина.

Војните во Ирак и Авганистан ја сменија претставата за тоа што Америка во своето глобално лидерство може и треба да стори, и во САД и низ светот.

И што може ова да значи за надворешната политика на следениот американски претседател?

„Не прави глупости“

Често се кажува дека претседателот Обама наследи две војни и економска криза кога дојде на оваа позиција во 2009 година.

Во тоа време тој наведе план дека сака да се тргне настрана од хиперактивноста од годините под Буш и да заземе поинаков пристап во американската надворешна политика.

Во своето последно интервју, неговата мантра се чини е: „Не прави глупости“. На панел дискусија за програмата Ворлд тунајт на Рејдио 4, која се пренесуваше од Иницијативата Карнеги за меѓународен мир во Вашингтон, поранешната демократска конгресменка Џејн Харман е критична: „Не прави глупости не е стратегија за надворешна политика“.

Како експерт за воени и разузнавачки прашања, таа нашироко навестува кого сака да го види во Белата куќа.

- Следниот претседател, КОЈА И ДА Е ТАА... треба да артикулира стратешка нарација... самите не се објаснуваме баш добро... надворешната политика треба да ги артикулира американските вредности и интереси.

Наметливост

За Бил Брнс, поранешен заменик државен скретар од времето на Хилари Клинтон и Џон Кери, јасни се приоритетите за надворешната политика на следниот претседател: Азиско-пацифичкиот регион, и посебно Кина.

Тој ги истакнува намерите на Пекинг да контролира поголем дел од Јужното Кинеско Море како доказ за понаметлива надворешна политика.

Но амбасадорот Брнс смета дека следниот претседател мора да повикува на соработка со сојузниците низ целиот свет.

- Не станува збор само за САД и Кина, туку за меѓународни правила, затоа што вкупната тонажа за бродски превоз во светов скоро половина се одвива преку Јужното кинеско море“.

Закана

Амбасадорот Брнс исто така беше дипломат од доверба за претседателот Обама кога му ја додели задачата да ги отвори тајните преговори со Техеран во 2013 година.

Овие преговори го пополочија патот за нуклеарниот договор со Иран во 2015, со што се ограничуваат нуклеарните активности на оваа земја во замена за подигнување на санкциите.

Но договорот останува контроверзен за републиканците (и Израел и земјите во Персискиот Залив се исто критички) кои не веруваат дека на Иран треба да му се верува, и укажуваат на поддршката на Техеран за милитантните организации како Хезболах.

Бил Брнс верува дека Иран сега може да биде спречен да создаде нуклеарно оружје. Но негова порака до следниот претседател е да биде многу претпазлив.

- Никогаш не прифатив, уште од почетокот на тие преговори, дека преку ноќ ќе се случи трансформација во однесувањето на Иран во регионот или во односите Иран-САД. Уште доста време, Иран и неговите дела ќе претставуваат закана за нашите пријатели и нашите интереси“.

Иран, заедно со Русија, е еден од клучните играчи во Сирискиот конфликт и клучни сојузници на претседателот Асад.

Милициите поддржани од Иран се борат да ја поразат таканаречената Исламска држава и во Ирак и во Сирија.

Хаос

Стивен Хедли беше советник за национална безбедност во времето на Џорџ Буш.

Тој смета дека и покрај цврстата одлучност на Барак Обама да се повлече од регионот, за следниот претседател ќе биде неизбежно да постои поголемо американско присуство на Блискиот исток.

- Не смеете да се борите само против ИДИЛ во регионот и да мислите дека со тоа ќе го решите проблемот. Тие (Ирак и Сирија) пропаѓаат во хаос и ова е почвата од каде „ИДИЛ 2“ ќе изникне ако не се справиме со прашањата за управувањето и стабилноста.

Стивен Хедли верува дека следниот претседател ќе дојде на власт во многу тешко време.

Тој тврди дека постоела претпоставка дека по распаѓањето на Советскиот сојуз, дека меѓународниот либерален поредок, кој бил воспоставен по Втората светска војна, ќе триумфира.

Наместо тоа, сега сето тоа е подриено од „авторитарни државни капиталисти во Русија и Кина... од хаосот на Блискиот исток до она што го прави Северна Кореја во смисол на пролиферацијата.

Водство

Но дали САД се уште сакаат да бидат водачи на меѓународниот светски поредок?

Стивен Хедли вели дека тоа треба да се разговара за време на претстојната претседателска кампања.

Џејн Харман критикува со забелешката дека ова прашање заслужува негативен одговор.

-Да се биде на чело и во центарот на сите контроверзи во светот... не, благодарам. САД е среќна да биде партнер со другите.

Тоа е пристапот кој може да биде прифатен од мнозинството, но по децении погледи кон Америка да биде лидер, дали е остатокот до светот всушност подготвен - без разлика што тоа и да значи?