Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
Најавениот притисок врз Северна Македонија од страна на новата грчка Влада на премиерот Кирјакос Мицотакис ќе зависи од тоа колку ќе и дозволат НАТО и ЕУ, имајќи предвид дека двете алијанси сакаат брз и непречен прием на земјата, оценува американскиот аналитичар Џек Далгариан во авторски текст за „Неоскосмос“.
Далгариан во анализата под наслов „Што може да очекува Америка од надворешната политика на новата грчка Влада“, наведува дека со Преспанскиот договор Атина стави крај на „за многумина странци тривијалниот спор со Скопје“ околу Македонија, име и територија што беа од централно значење за грчкиот национализам уште од формирањето на современата грчка национална држава.
Авторот на текстот потсетува дека по победата на неодамнешните избори, Мицотакис најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но дека ќе врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски“ во културата, јазикот и производите.
– Но, притисок што ќе може да го употреби е ограничен на тоа што ќе му го дозволат НАТО и ЕУ, кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат Северна Македонија во двата сојузи, наведува Далгариан.
Според авторот, иако жителите во северна Грција во големо мнозинство на изборите гласаа за неговата Нова Демократија незадоволни од решавањето на прашањето со името со Скопје, Мицотакис знае дека неговата популарност во иднина апсолутно ќе зависи од тоа дали ќе успее да обезбеди економски раст на земјата.
Дулгариан дипломирал на Факултетот за владини и јавни политики на Универзитетот во Аризона. Тој е автор на независно истражување за надворешните политики и стратегии на политичките партии во Грција, а работел и во хуманитарни организации за помош на бегалците во Атина.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово