Македонија
30. October 2015 - 14:54

Дајанчо Ефтимов нов пратеник во Собранието

Дајанчо Ефтимов од Василево од Изборната единица 4 е новиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања денеска го констатираше Извештајот на ДИК за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието, согласно член 153 од Изборниот законик.  

Ефтимов ќе биде дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако пратеникот Ромео Тренев беше назначен за директор на новото АД Водостопанство.