Балкан
9. September 2015 - 19:40

Дачиќ: Унгарија планира воени вежби на границата со Србија

Унгарија наскоро ќе одржи воени вежби во близина на границата со Србија, соопшти денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Танјуг.

Дачиќ изјави дека за тоа го известил денеска по телефон неговиот унгарски колега Петер Сирто.

- Министерството за одбрана на Унгарија ќе го извести нашето Министерство за одбрана дека ќе има воени вежби во близина на границата, кои не се насочени кон некаква воена опасност од наша страна, изјави Дачиќ во Белград.