Балкан
3. February 2017 - 19:15

Дачиќ: Србија веќе има проблем со мигрантите, нема доволно капацитети

Во Србија во моментот има околу 8.000 мигранти, државата нема доволно капацитети за прифаќање и веќе имаме проблеми, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

На прес конфереција по средба со чешкиот колега Лубомир Заоралек ги повика меѓународните организации и Европската унија да помогнат во решавање на проблемите на Србија во врска со мигрантската криза.

Тој истакна дека проблемот е во недостиг на единствена политика на ЕУ за мигрантите и Србија ризикува да стане жртва на таа политика и на потезите на одделни држави. Како проблем ги посочи и нејасните односи меѓу Турција и ЕУ кои оставаат отворено прашање дали двата милиона мигранти во Турција ќе тргнат кон Европа, или Турција и ЕУ ќе се договорат. Дачиќ потенцира дека низ државата од почетокот на мигрантската криза преминале околу еден милион мигранти.