Д-р Стојанов: Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Славјанка Петровска, минимална е можноста да се заразиле пратеници
– Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, која вчера на својот фејсбук-профил објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа ќе ни каже, можеби не во Собрание, можеби дома или на друго место имала ризичен контакт. Ова денеска за МИА го изјави директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов.
Петровска на својот ФБ профил синоќа објави дека попладнето ненадејно добила зголемена температура и омалаксаност, додека била на седница на Собрание и оти по тестирањето добила позитивен резултат на коронавирус.
– Штом се регистрира позитивен случај во приватна или во државна лабораторија резултатите доаѓаат во Институтот за јавно здравје, кој ги дистрибуира до центрите за јавно здравје. Значи, штом го добиеме името, презимето, телефонскиот број, матичниот лекар, епидемиологот се јавува на Славјанка Петровска и ја анкетира и таа ни ги кажува контактите, рече д-р Стојанов.
Тој посочи дека на сите седници се држи растојание и се носи маска, што значи минимална е можноста да се заразиле пратеници.
– Тие не се ризичните групи. Има високоризични, средно и нискоризични групи. Средно и високоризичните веднаш ги ставаме во изолација, тука нема услови за тоа, додаде доктор Стојанов.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка