ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник
Патот до село Дуф во Општина Маврово - Ростуше е прооден, а екипата за расчистување е се уште на терен за довршувањето на работата. Во текот на неделава ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово - Галичник од 3 декември 2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со „Македонијапат“, пункт Маврово од каде известиле дека ќе прават договор со трети лица и ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата, соопшти ЦУК.
Во изминатото деноноќие имало 1 679 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ биле 54,62 отсто, а 45,38 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,20 отсто, кон итната медицинска помош 22,52 отсто, а кон пожарникарите 3,31 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања