-->
-->
ЦУК: Општините да ги проверат критичните места каде е можно излевање и поплавување
-->
По најавите за нови врнежи од дожд и снег, Центарот за управување со кризи препорачува единиците на локална самоуправа да ги задолжат јавните претпријатија да ги проверат сите критични места на кои е можно излевање и поплавување на реките. Се препорачува и проверка на состојбата со мрежата на одводните канали и на другите водни објекти на територија на општините. Потребно е општините да ги известат и земјоделците да ги заштитат земјоделските површини на кои имаат засадено култури.
Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните доколку имаат потреба, да го користат бесплатниот телефонски број за итни повици 195.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот се очекуваат нови врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2. Границата на снежните врнежи ќе биде пониска во недела и ќе се спушти до околу 800 метри надморска височина. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
