ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
Во текот на последното деноноќие изгаснати се вкупно 28 пожари. Активен е само пожарот во село Нивичино, општина Василево, каде гори нискостеблеста шума. Добивме информација за почнат пожар меѓу селата Ракле и Никодин, Прилепско, соопшти на денешната прес-конференција Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Под контрола се ставени пожарите во општина Велес, селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, во дојранското село Николиќ, во општина Демир Хисар и во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, рече Вчкова.
Таа информира дека во текот на денешниот ден два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и две возила со екипаж, ќе бидат ангажирани на гаснење на пожарот кај село Нивичино. Во гаснењето на овој пожар ќе биде ангажиран и хеликоптер на МВР.
Вториот хеликоптер на МВР и воздухопловот на Армијата, како што рече, ќе бидат ставени во готовност и ќе бидат ангажирани според потребите и приоритетите на Главниот штаб во текот на денешниот ден. Специјализирани возила на ДЗС ќе бидат распределени на три локации, едно возило со екипаж на пожарот меѓу селата Крапа и Локвица во општина Македонски Брод, две возила со екипаж кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Велешко. Армијата ќе ангажира 30 припадници кај пожарот во селата Џидимирци, Крушје и Иванковци.
Таа информира дека оние пожари кои се појавија вчера попладне, како резулатат на силен ветер и искрење од жици, во општините Куманово, Старо Нагоричане, на територија на Град Скопје, Струга, Демир Хисар и Битола, сите се целосно изгаснати.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна