ЦУК и Комората на РМ за приватно обезбедување потпишаа Меморандум за соработка
Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и претседателот на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување Верица Милевска Стефановска денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Потписниците на Меморандумот, со кој се утврдува рамката во која се остварува соработката, соопштија од ЦУК, се согласија да воспостават меѓусебна соработка во функција на обезбедување стручна и научна експертиза, анализи, обуки и други форми на едукација, со цел да се обезбеди општа поддршка на дејноста приватно обезбедување во Република Македонија и зајакнување на капацитетите на вршителите на приватното обезбедување.
Со Меморандумот, како што се наведува, се предвидува соработката меѓу потписниците да се остварува преку размена на експертиза, искуства и знаења од заеднички интерес, соработка во изготвувања законски, подзаконски акти и други регулативи, соработка во изготвување стратегиски документи и други активности од заеднички интерес.
По повод потпишувањето на Меморандумот, а во рамки на предвидената соработка, во Центарот за управување со кризи се одржа научно- стручна дебата „Центарот за управување со кризи и приватниот безбедносен сектор во заштита на критичната инфраструктура – соработка и партнерство“.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер