Македонија
2. May 2021 - 15:44

ЦУК: Голем пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликотер за заштита на селото

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар  над с. Галичник, околу 13.30 часот координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена  е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.