Македонија
26. November 2020 - 16:46

Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев, го замрзнува своето партиско членство

Поранешниот лидер на СДСМ и шеф на државата, Бранко Црвенковски со осуда за интервјуто на Зоран Заев дадено за бугарски медиум.. Го смета за скандалозно и вели дека изнесените ставови нанеле непоправлива штета..

„Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава. Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв“ вели црвенковски во своето писмено обраќање.

Тој додава дека изнесените ставови ќе имаат катастрофални последици по СДСМ и го повика членството да се огради од изјавата на Заев.

„Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ“, пишува Црвенковски и додава дека се до одржување на таква седница го замрзнува неговото членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Ставовите на Заев наидоа на осуда и на припадници на левичарските партии дел од коалицијата на СДСМ, поранешни пратеници, членови на Шарена револуција.

Реагираше и поранешната претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, партија дел од колацијата на СДСМ.

„Ужас до болка. Ако на ЕУ и треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме, престанала да постои!? Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова!“ Напиша поповска на фб.

И поранешната пратеничка Ивана Туфегџиќ преку социјалните мрежи вели дека ваквите ставови на Заев за странски медиуми носат повеќе штета од корист, но и ги нарушуваат напорите на бугарската интелектуална јавност против официјалните бугарски позиции.

Со сличен став е и професорот Бранимир Јовановиќ, кој бара извинување од премиерот Заев.

„Заев Може да си се однесува така по дома и во неговото слободно време, ама кога настапува од позиција на Премиер на држава, тој ја претставува државата, а таквиот однос е понижувачки за државата“, пишува Јовановиќ.

Реагираше и кумановскиот градоначалник кој доаѓа од редовите на СДСМ..  ПОтсетувајќи на историските факти, Максим Димитриевски, вели дека Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на балканот.

Со реакција излезе и Поранешниот кадар на СДСМ, Зоран Јовановски.

Гледам ќе се казнувал говор на омраза против странски народи и држави. А, има ли казна за говор на омраза против сопствениот народ и држава?, прашува Јовановски.