Македонија
24. May 2016 - 16:39

Црвениот Крст во Велес спроведува проект за помош на стари лица

60-мина стари од Велес веќе пет години добиваат помош од општинската организација на Црвениот крст.

Волонтери и медицински сестри им помагаат во извршувањето на секојдневните животни потреби..

Проектот „Помош на стари лица во домашни услови“, се реализира во целата држава.

Од Црвениот крст велат дека тој е одлично прифатен од корисниците.

Проектот помош на стари лица во домашни услови се реализира во повеќе европски држави.

Го финансира Црвениот крст на Австрија..